Ова се најпровокативните секс сцени во филмската историја

Точка

07/02/2017

22:00

15633

Големина на фонт

а а а

Сексот продава сè - па, така и филмовите, а овие сцени останаа врежани во сеќавањата на гледачите поради тоа што ги поместија границите на провокативноста.

Без разлика дали ги шокираа гледачите со поместувањето на границите, со количината на голотија или пак, со суровиот приказ, секс сцените од овие филмови е тешко да се избришат од помнењето.

Последното танго во Париз (1972)

Француско – италијанската романса со Марлон Брандо и Марија Шнајдер во главните улоги, се фокусира на парот кој се впушта во опуштена сексуална врска – Брандо е вдовец, а Марија наскоро би требало да се омажи. Филмот изобилува со сексуално насилни сцени, а онаа која крена најмногу прашина е сцената на анален секс во која како лубрикант се користел путер.



Ризична работа (1983)

Џоел (Том Круз) како работлив 17 – годишен одличен ученик, одговорен и доверлив син, ја запознава Лана – млада, посакувана, пребирлива и полна со животно искуство. Џоел има две цели во животот: да се запише на колеџ и да има секс – што досега му било само фантазија. Но, откако неговите родители ќе заминат на одмор и ќе му ја остават куќата на чување. Она што Лана (Ребека Де Морнеј) ќе го подучи Џоел во сексот и слободната иницијатива во новото време е ноќна мора за секој родител и многу – ризична работа.



9 и пол недели (1986)

Американската еротска драма на режисерката Адријан Лин од 1986 година со Мики Рурк и Ким Бесинџер во главните улоги, разбранува многу страсти. Ким Бесинџер е привлечна и самостојна асистентка во уметничка галерија во Њујорк, а Мики Рурк е харизматичен и лукав брокер. Нивната прва средба во кинеска продавница и размената на впечатливи погледи е вовед во бизарната врска која се сведува исклучиво на сексуални игри...



Хенри и Џун (1990)

Драмата снимена според дневникот на познатата писателка Анаис Нин од Париз, го прикажува љубовниот триаголник од триесеттите години помеѓу Нин (Марија де Медеирос), писателот Хенри Милер (Фред Вард) и неговата сопруга Џун (Ума Турман).



Секретарка (2002)

Овој култен филм е претходник на бестселерот „50 нијанси на сиво“, а според многумина и значително подобар приказ на односот со садо – мазо комплименти. Филмот, кој во исто време е духовит, провокативен и реален, ги открива магиите на таквата врска.



Планината Броукбек

Ова е еден од првите филмови на мејнстрим продукциите кој презентира љубовна приказна и секс сцени помеѓу два лика кои се хомосексуалци, со Хит Леџер и Џејк Гиленхал во главните улоги.



Црниот лебед

Натали Портман освои Оскар за интерпетацијата во овој филм, но она што секако беше најпровокативно и за што најмногу се зборуваше беше секс сцената помеѓу Натали и Мила Кунис испреплетена со мастурбација.



Нимфоманка (2013)

Овој филм е страшна, поетска приказна за животниот пат на една жена која себеси се претставува како нимфоманка во контроверзното остварување на филмскиот режисер и сценарист Ларс фон Трир.



Крал на порно филмовите (1997)

Во периодот кога беше прилично познат како модел за долна облека Марки Марк, Марк Волберг извонредно ја одглуми улогата на порно ѕвезда во златниот период на таа инсдустрија во 1970-тите години. Поради прекумерното користење на кокаин, доаѓа и до проблеми со ерекцијата, а во филмот има повеќе секс сцени отколку обичен разговор.



Спонозорирани линкови

Маркетинг