Има само еден услов: Рајските острови на Карибите му плаќаат 300 долари на секој турист кој ќе ги посети

Точка

07/02/2017

21:30

7541

Големина на фонт

а а а

Овие магични места на Карибите ќе им плаќаат по 300 долари на туристите кои ќе ги посетат.

Оваа примамлива понуда е започната поради прославата на стогодишнината откако Девствените Острови станале дел од територијата на САД. Америка ги откупила од Данска во 1917 година за 25 милиони долари кои биле платени во златници.


Во архипелагот се наоѓаат неколку острови, од кои најголем е Сент Крокс, па потоа следуваат Сент Џон и Сент Томас. Благодарение на прекрасните пејзажи, умерената клима и високиот стандард кога станува збор за услуги, Девствените Острови ги освоија срцата на туристите од сите краеви на светот.

Меѓутоа, оваа година локалните власти ќе му платат 300 долари на секој турист кој ќе дојде на некој од трите главни острови. Само постојат неколку услови кои мораат да бидат исполнети.


Понудата е отворена за секој кој ќе резервира престој пред 1 октомври и кој ќе остане повеќе од три дена. Тоа е во ред, затоа што не веруваме дека некој би пошол на помалку од една недела.

Исто така, износот од 300 долари нема да биде исплатен во кеш, туку во ваучери кои туристите ќе можат да ги потрошат на разни активности: нуркање, излети и сурфање, пишува „Fox News”.


А, оние кои ќе се најдат на островите во текот на централната прослава која ќе биде организирана во текот на март, ќе добијат подарок изненадување. Властите се` уште немаат соопштено за каков подарок станува збор.


Во акцијата учествуваат 32 хотели од трите главни острови.


Спонозорирани линкови

Маркетинг