Вака изгледа најскапиот апартман на светот, а од цената за едно ноќевање ќе ви се заврти во главата

Точка

07/02/2017

18:30

3855

Големина на фонт

а а а

Најскапиот апартман во светот се наоѓа во Женева, во хотелот President Wilson и една вечер во него ќе ве чини околу 58 илјади евра.

Во апартманот наречен Royal Penthouse престојувале најбогатите луѓе во светот на кои не им претставувало проблем од својот буџет да ја одвојат оваа огромна сума на пари за ноќевање во луксузот од 1.800 метри квадратни. Апартманот, кој се состои од 12 луксузно опремени соби со бањи од мермер, е најголемиот апартман во Европа.


Ова скапо задоволство има огромна тераса со поглед на Мон Блан и Женевското езеро, а до него на осмиот кат се доаѓа со приватен лифт и има максимално ниво на обезбедување.


Гостите можат да уживаат и во теретана, базен и маса за билијард, а за оние кои ја сакаат уметноста тука е пијаното Steinway и колекцијата на стари книги и уметнички дела.


Исто така, гостите можат да уживаат во најдоброто домашно кино во светот од брендот Bang & Olufsen.





Спонозорирани линкови

Маркетинг