Бичкова излезе со сензационално набројување: Секоја десетта тенисерка е лезбијка!

Дерби

07/02/2017

22:00

1853

Големина на фонт

а а а

Русинката Екатерина Бичкова е позната за сите оние кои редовно ги следат случувањата во белиот спорт, тенисерка за која добро познато е дека своите најдобри денови ги имаше пред десетина години кога дојде и до својот најдобар ранкинг на ВТА листата (66).

Екатерина во последните неколку години е далеку од тенискиот врв и се поретко може да се види на централните терени на некој од најсилните турнири, но затоа сега го привлече вниманието на себе со сензационалната изјава која ја даде за „Еуроспорт“.

Бичкова потенцира дека секоја десетта професионална тенисерка е лезбијка, а Русинката отиде до таму, што реши да наброи и дел од тенисерките за кои тврди дека ја гледале како потенцијална жртва.

– Рене Стабс, Лиса Рејмонд, Елени Данилиду, Кејси Делакуа, Карла Суарез… Тоа се само дел од тенисерките кои се лезбијки, да не продолжам да набројувам. Има премногу жени лезбијки во тенисот, секоја десетта професионална тенисерка е лезбијка. Навистина сум бесна кога ќе се соочам со таков нападен тим на лезбијки. Постојано те гледаат и ти паѓа непријатно. Мене не ми е грижа со кого спијат и со кого го прават тоа што го прават, само не сакам да ме гледаат и да ми се мешаат во приватноста, – обелоденува Бичкова која со својата изјава секако предизвика бура во тенискиот свет.


Спонозорирани линкови

Маркетинг