Ве нервира чистењето на замрзнатото ветробранско стакло? Фолксваген има револуционерно решение

Точка

07/02/2017

19:00

9799

Големина на фонт

а а а

Отстранувањето на снегот и мразот од ветробранското стакло на автомобилот не е омилена работа кај возачите - па затоа, инжинерите на Фолксваген се потрудија да пронајдат решение за тоа.

Германскиот производител на автомобили разви нови ветробрански стакла со тенок слој на електроспроводливо сребро во внатрешноста на ламинираното стакло, чиј што систем со сила од 400 до 500 W, овозможува брзо загревање и топење на снегот или мразот.

Покрај тоа, системот предвидува вградување на посебни греачи и на бришачите, со што ќе биде избегнато нивното замрзнување и лепење за ветробранското стакло.


Секако, стаклата со греачи не се новост кај автомобилите, но иновативноста кај Фолскваген е во тоа што нема да бидат користени тенки жици (како на задните стакла од автомобилите), туку сето тоа ќе биде целосно невидливо и за прв пат имплементирано на предното ветробранско стакло.

Наводно од Фолксваген веќе планираат оваа технологија да ја имплементираат во најновите верзии на Голф, Тигуан, Пасат и Шаран по цена од 340 евра.



Спонозорирани линкови

Маркетинг