Жан Тод против укинување на петочните сесии

КРУГ.МК

07/02/2017

16:10

652

Големина на фонт

а а а

Првиот човек на Интернационалната автомобилистичка федерација, Жан Тод, е против намалување на Гранд При викендите на само 2 денови преку напуштање на петочните тренинг сесии. Во едно сво интервју тоа го предложи еден од челниците на француски Рено, Сирил Абитебул.

„Едноставно, сеуште немаме најдено нешто што ќе биде подобро од форматот кој го имаме во моментов. Ако нешто најдеме во што веруваме дека ќе донесе вистински напредок, навистина блиску ќе го проучиме“, објасни Тод.

Се смета дека американците од Либерти сакаат да го подобрат тркачкиот викенд во Формула 1 со повеќе забава во стилот на американските тркачки серии и професионални спортови.

Петочните сесии често пати се критикувани и од страна на возачите како навистина досадни. Добар опис за тоа што мисли за петочните сесии даде Фернандо Алонсо на минатогодишното Бразилско ГП.

„Треба да има плаќаме на луѓето кои се на трибините на петочните сесии што не гледаат. Фановите сакаат брзи болиди кои штом ќе поминат покрај нив тие ќе останат подзинати. Денеска бев половина час надвор од сесијата и ќе заспиев“, објасни тој.


Спонозорирани линкови

Маркетинг