Погледнете ја Скарлет Јохансон во новиот трејлер за филмот “Ghost in The Shell”

Точка

07/02/2017

13:36

4.115

Големина на фонт

а а а

Новиот научно-фантастичен филм со Скарлет Јохансон во главната улога веќе ја разбранува јавноста. А Црната Вдовица овојпат е поопасна од било кога!

Во новиот филм Скарлет го толкува главниот лик Мотоко Кусанаги, води специјална единица, а во една од сцените соблекува сè од себе си и се фрла од врвот на огромниот облакодер со цел да ја убие метата – на прв поглед делува како да е потполно гола, но таа всушност носи термо-оптичко одело коешто ѝ овозможува да биде невидлива.

Која е нивната мисија?

Тие овојпат треба да уништат сомнителна роботска компанија којашто загрижувачки напредува со киборг технологијата. Но, овојпат постои и една “мала” компликација.

И самата Скарлет е овојпат киборг...


И иако можеби беше потребно малку повеќе време за овој филм да пристигне до големите екрани, по сè изгледа дека адаптацијата на Руперт Сандерс правена според оригиналниот стрип на Масамуне Широ по којшто беа создадени и два долгометражни анимирани филмови, а кои станаа вистински хитови, вредеше да се чека.

Во филмот освен Скарлет Јохансон, ќе ги видиме и Мајкл Пит, Жулиет Бинош и Мајкл Винкот, а филмот “Ghost in The Shell” ќе пристигне во кино салите веќе следниот месец!

Погледнете го и најновиот трејлер којшто дефинитивно ветува многу:



Спонозорирани линкови

Маркетинг