Судијата кој доби нокдаун од Шаповалов: Изгледав како Роки Балбоа, морав да…

Дерби

07/02/2017

13:16

1094

Големина на фонт

а а а

Дејвис куп пресметката меѓу Велика Британија и Канада заврши неславно поради потегот на Денис Шаповалов, младата тениска надеж која при негатива во петтиот одлучувачки сет реагираше крајно нервозно и го погоди главниот судија во окото.

Канадскиот тинејџер брзо се извини за својот непромислен потег, но истото не се покажа како доволно поради тоа што конечната одлука гласеше дисквалификација за неговата селекција. Шаповалов во текот на вчерашниот ден беше „награден“ и со 7 илјади евра парична казна за ударот кој му го нанесе на судијата, а ова утро конечно пристигна изјава и од жртвата во дадената ситуација, Арно Габас.

– Излегов од теренот со изглед како оној на Роки Балбоа. Видеото е навистина шокантно кога ќе го погледнете неколку пати. Ние судиите сме свесни дека треба да избегнеме вакви ситуации во текот на сезоната, но овојпат немав никаква шанса. Искрено, се чувсвтувам и среќен поради тоа што можеше да заврши и полошо. Играчите знаат да бидат навистина луди во последно време, видов дека е навистина нервозен во текот на петтиот сет, но не очекував дека на крајот ќе ме удри мене. Тој беше шокиран и се покаја за тоа што го направи. Во овој момент сум подобар, примам инјекции за болки, но веќе закажав и преглед кај специјалист, – вели францускиот судија.


Спонозорирани линкови

Маркетинг