Тука не морате да се грижите за приватноста: Луксузен хотел со само една соба

Точка

06/02/2017

20:30

4.199

Големина на фонт

а а а

Луксузот е видлив на секој чекор, па така во апартманот доминира голем кревет до кој има бања во која гостите сигурно поминуваат многу време. Секако, тука се и останатите работи како мини бар, фрижидер, апарат за кафе и огромен телевизор.

Во овој хотел во Прага дефинитивно нема да ви пречи бучавата од другите соби или судрувањето со други гости во ходниците. Едноставно, тоа е теоретски невозможно, со оглед на тоа што хотелот има само една соба!


Сите кои сакаат да имаат апсолутна дискреција, од денес целосно можат да сметаат на хотелот Tower Park Praha, кој освен мир и тишина, нуди и неверојатен панорамски поглед на градот.


Оваа хотелска соба е сместена на околу 60 метри височина и на среќните гости им нуди поглед од птичја перспектива.


Но, како воопшто настанал хотелот со една соба? За време на реконструкцијата на една огромна телевизиска кула, некој се досетил дека не би било лошо таа кула, освен за емитување сигнал, да послужи и за уште нешто, па така во нејзината средина бил направен и луксузен апартман кој на гостите им нуди незаборавно искуство.


Луксузот се забележува на секој чекор, па така овој апартман има огромен кревет до кој се наоѓа бања во која гостите сигурно трошат многу време. Секако, тука се и останатите работи како мини бар, фрижидер, апарат за кафе и огромен телевизор.


Освен едната соба, хотелот може да се пофали и со ресторан, бар, но и шанса во него да се запишете на курс за голф.




Спонозорирани линкови

Маркетинг