Вебер смета дека Рикардо ќе го победи Верстапен

КРУГ.МК

06/02/2017

18:00

834

Големина на фонт

а а а

Поранешниот Формула 1 возач на Ред Бул, Марк Вебер, верува дека Даниел Рикардо ќе биде подобар од тимскиот колега Макс Верстапен во 2017 година. Австалијанецот смета дека поголемото искуство на неговиот сонародник ќе биде пресудно со новите правила кои ќе донесат побрзи болиди.

Рикардо заврши на 3то место минатата година и има 109 стартови зад себе додека холанскиот тинејџер има само 40 Формула 1 трки.

„Битката во Ред Бул ќе биде тесна како што беше и лани, но сметам дека Даниел ќе биде поуспешен затоа што поголемото искуство ќе биде користно за него особено на почетокот на првенството.

Рикардо има видено многу повеќе регулаторни промени, возено многу поразлични видови болиди како Торо Росо и ХРТ од В8 ерата и тоа ќе биде предност за него. Сепак ќе биде одлична битка и сметам дека Даниел ќе излезе поуспешен. Макс сеуште учи, но има неверојатен талент“, објасни Вебер.

Австралискиот ветеран смета дека оваа година Ред Бул се сериозни во својата намера да ја прекинат доминацијата на Мерцедес од последните три години.

„Ред Бул имаа тиква зима, мирни подготовки, но сметам дека ќе бидат многу силни. Традиционално гледано Адриан Њуи е доста силен кога стапуваат во сила нови правила. Мерцедес имаа среќа многу рано во минатата сезона да ја освојуваат титулата и да се сконцентрираат на новите правила и новиот болид, а да не заборавиме дека нивна главна предност е моторот.

Оперативно Ред Бул беа најдобра екипа минатата година, а во однос на издржливоста беа најдобри затоа што Мерцедес имаа неколку технички проблеми“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг