Некој добро ќе се збогати: Украден шампионскиот дрес на најголемата ѕвезда на „Супербоул“

Дерби

06/02/2017

14:11

1476

Големина на фонт

а а а

Њу Ингланд успеа на направи пресврт кој не се памети во историјата на НФЛ финалињата и да стигне до петтата шампионска титула, но покрај сензационалното враќање, „Супербоул“ спектаклот сега ни донесе и една необична ситуација која всушност ја откри најдобриот играч на натпреварот.

Том Брејди беше вистински командант при нестварното враќање на патриотите и голем лидер во испишувањето на историја, но покрај титулата, големата НФЛ ѕвезда ќе го памети својот петти шампионски прстен и по една кражба која сигурно добро ќе го збогати тој што го направил тоа.

Брејди на прес-конференција порача дека му е украден шампионскиот дрес, а она што е посебно интересно е неговиот предлог крадецот да се бара на „И-беј“.

– Останав без дресот, најверојатно некој ми го украде. Побарајте го на интернет, во некој од наредните денови сигурно ќе се појави на „И-беј“, – порачал низ смеа Брејди кој сигурно нема да биде премногу загрижен за дресот и покрај тоа што оние шампионските достигнуваат и сума од илјадници долари на интернет.


Спонозорирани линкови

Маркетинг