Џони Деп се враќа, а негативците се поморничави од било кога: Погледнете го новиот трејлер за филмот за “Пиратите од Карибите”

Точка

06/02/2017

13:55

5.520

Големина на фонт

а а а

Џони Деп се враќа на големото платно во добро познатата улога на бестрашниот анти-херој Џек Спероу, во сосема новото продолжение на филмот “Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales”.

Во оваа возбудлива авантура ќе го видиме капетанот Џек којшто ќе биде покриен од бранот на несреќата кога смртоносните морнари духови, предводени од застрашувачкиот Капетан Салазар (Хавиер Бардем) ќе побегнат од ѓаволскиот триаголник одлучни во намерата да ги сотрат сите пирати на морето, а ова особено важи за Џек.

Единствената надеж на Џек овојпат лежи во лоцирањето на моќниот артефакт којшто дава моќ на контролирање на морињата, но за да го пронајде тој ќе мора со тешко срце да склопи сојуз со Карина Смит (Каја Скоделарио), генијален, но и исклучително убав астроном, како и Хенри (Брентон Твејтс), тврдоглав млад морнар од Кралската морнарица.

На чело на неговиот мал и трошен брод, капетанот Џек бара начин не само да ја промени својата лоша судбина, туку и да го спаси својот живот од најстрашниот и најзлобниот непријател којшто некогаш воопшто го имал.


Најновиот трејлер за филмот “Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales” е прикажан премиерно на овогодинешниот Super Bawl, а во него ја гледаме армијата од мртовци со коишто капетанот Џек Спероу ќе мора да се соочи токму во петтото продолжение - авантура којашто на Џек можеби и нема да му се допадне.

Во најновиот филм се враќа и Орландо Блум, овојпат како бесмртниот капетан Вил Тарнер и Џефри Раш како некогашниот ривал на Џек, Капетан Борбоса.

Петтото продолжение е во режија на Норвежаните Еспен Сандберг и Јоаким Ронинг, додека продуцент е Џери Брукхајмер. Филмот пристига премиерно во кино салите на 26-ти мај.

И уште нешто, добро слушнете ја таа музика. Дали може да погодите кој ја изведува песната?



Спонзорирани линкови

Маркетинг