График на денот: Колку чинат билетите за водечките спортски настани?

Денар

04/02/2017

15:52

2.860

Големина на фонт

а а а

Кога во неделата ќе започне 51-виот „Супер Боул“ – финалето на сезоната во Националната фудбалска лига на САД, само мал дел од оние кои ќе го гледаат, ќе имаат среќа да бидат на стадионот во Хјустон, коментира „Statista“.

Во предвид фактот дека цените на билетите на секундарниот пазар почнуваат од нешто под 2.000 долари, да го гледаш натпреварот во живо, не е многу поевтино.

Како што покажува денешниот график, првокласните билети за водечките спортски настани лесно го надминуваат годишниот буџет на просечниот симпатизер. Билетот за финалето на Европското првенство во фудбал во 2016-та година, на пример бил на цена од околу 990 долари, а на ЛШ – 478 долари.

Во исто време, според извештајот „Digital Market Outlook“ на „Statista“, просечниот посетител на спортски настани во САД, кој порачал барем еден билет онлајн, потрошил во просек 224 долари за онлајн купување на билети во 2016-та година Во Европската унија оваа сума е речиси два пати помала – 122 долари годишно.



Спонозорирани линкови

Маркетинг