Немаат поим од глума, но се неверојатно богати! Ова се најнеталентираните холивудски актери

Точка

04/02/2017

15:38

14345

Големина на фонт

а а а

Иако овие холивудски актери заработуваат милиони, тие високо котираат на листите на најлоши холивудски актери, кои и покрај недостатокот на талент, непречено снимаат филмови.

Тори Спелинг


Ќерката на легендарниот холивудски продуцент Арон Спелинг, ја добила својата прва улога во хит серијата на нејзиниот татко – „Беверли Хилс 90210“. Преминувањето од малите екрани на големото платно било болно и неуспешно искуство за Тори, најмногу поради недостатокот на актерски талент, а публиката засекогаш ќе ја памети по улогата на Дона во споменатата тинејџерска серија. Благодарение на тоа што серијата имаше 10 сезони, Тори Спелинг стана планетарно популарна и неверојатно богата.

Адам Сендлер


Неколку години по ред комичарот Адам Сендлер беше номиниран за Златна малина, која им се доделува на најлошите филмски остварувања. Меѓутоа, во 2013 година, оваа награда помина во знакот на Сендлер кој за филмот "Grown Ups 2" доби дури осум номинации. Меѓутоа, факт е дека Сендлер е „тежок“ неверојатни 360 милиони долари, а неговиот просечен хонорар за филм изнесува 20 милиони долари.

Стивен Сигал


Мајсторот за боречки вештини и неприкосновен акционен херој во нискобуџетните холивудски филмови, не стигнал на големото платно благодарение на исклучителниот актерски талент. Напротив. Стивен Сигал станал актер благодарение на фактот дека ги владее боречките вештини, како што впрочем ни демонстрираше во секој филм. Тој има глумено во повеќе од 50 филмови, а Холивуд го направи милионер.

Дејвид Хаселхоф


Неспоредливиот Мич Бјукнен во серијата „Чувари на плажата“, актерот Дејвид Хаселхоф пропушти да го повтори успехот на серијата која го прослави. Тој има глумено во повеќе од 70 филмови и во секој од нив успешно се трудел да го сокрие својот талент за глума. Меѓутоа, дури и недостатокот на талент му донел големо богатство на Хаселхоф кое се проценува на 50 милиони долари.

Памела Андерсон


Таа ја започна својата кариера како Плејбој зајачица која ќе влезе во историјата на најпознатиот машки магазин како жената која се нашла на неговата насловна страница дури 14 пати. Потоа,се пресели на малите екрани каде што повторно глумеше секс бомба. Меѓутоа, улогата на Си Џеј Паркер во серијата „Чувари на плажата“ не беше доволна за Памела да го убеди светот дека е сосема „оперирана од глума“, па таа продолжи да снима серии и филмови.


Спонозорирани линкови

Маркетинг