Австралија и Франција го минаа првото коло во Дејвис купот

Макфакс

04/02/2017

13:21

1.201

Големина на фонт

а а а

Поради временската разлика веќе се одиграа мечевите од вториот ден, во 1. коло во Дејвис купот, во Мелбурн и Токио.

По вториот ден Австралија и Франција веќе изборија пласман во наредната рунда, откако поведоа со 3:0 против Чешка односно Јапонија.

Третиот поен на Австралија против Чешка и го донесоа Сем Грот и Џон Пирс кои со 6:3, 6:2, 6:2 ја совладаа чешката комбинација Јан Сатрал и Јиржи Весели.

Франција во Токио води 3:0 против Јапонија, откако Пјер-Хју Херберт и Николас Мау со 6:3, 6:4, 6:4 ја совладаа јапонската двојка Јучи Сугита и Јасатака Учијама.

На другите мечеви САд води со 2:0 против Швајцарија, за која не играат Роџер Федерер и Стан Вавринка. Јек Сок славеше со 3:0 против Марко Кудинели, а Џон Иснер со 3:1 го победи Хари Лаксонен.

Со 2:0 води и Србија против Русија. Виктор Троицки во пет сета славеше против Керен Качанов, додека Медведев му го предаде мечот на Новак Ѓоковиќ при водство на српскиот тенисер од 2:1 во сетови.

На дуелите меѓу Хрватска и Шпанија, односно Канада и Велика Британија резултатот по првиот ден е 1:1.


Спонозорирани линкови

Маркетинг