Секогаш мислите дека може повеќе, но откриена е вистинската „доза“ на секс во врската

Точка

04/02/2017

12:45

7.980

Големина на фонт

а а а

Неодамна научниците истражувале колку секс би требало да имате на неделно ниво и ја пронашле „златната средина“.

Науката досега потврдила дека сексот врз телото ги има истите ефекти како и физичките вежби и дека е многу добар за нашата самодоверба, го крева расположението, а претставува и совршен начин за да се поврземе со партнерот.


Но,од научна гледна точка, колку навистина секс би требало да се практикува на неделно ниво?

Според резултатите од најновите истражувања, паровите не би требало да имаат нереално високи очекувања кога станува збор за сексот. „Златната средина“ која е сосема доволна е – еднаш неделно.


Имено, најреалната цел кон која би требало да се стремат паровите, кога станува збор за сексуалниот однос во врската, е еднаш неделно. Секојдневниот секс не се покажал како добар бидејќи ги исцрпувал паровите не само физички, туку и психички, и затоа би требало да се избегнува доколку не ви одговара. Сепак, суштината е дека паровите би требало да имаат секс онолку често колку што тие сакаат и кога ќе почувствуваат потреба и желба за тоа.


Спонозорирани линкови

Маркетинг