Не сте свесни што открива за вас вашата омилена поза во сексот

Точка

03/02/2017

21:00

6.592

Големина на фонт

а а а

Вашата омилена поза во сексот открива дали ви е поважна интимноста со партнерот или страста и возбудата.

Мисионерска поза

Жените кои ја преферираат оваа поза сакаат да играат на сигурно. Сепак, тоа исто така значи дека би требало да бидат посамоуверени во креветот. Кога станува збор за мажите, оваа поза значи дека сакаат да ги држат работите под контрола, но дека воедно сакаат и поинтимен однос со партнерката.


Кога жената е горе

Оваа поза ја одбираат доминантните жени кои сакаат да управуваат со ситуацијата. Тие се многу самоуверени и ја сакаат моќта. Од друга страна, мажот е тој кој сака да биде подреден во сексот, но кој воедно е внимателен и предан на својата партнерка.

Доги поза

Станува збор за личности кои бараат возбуда. Мажите на кои оваа им е омилената поза не сакаат интимност, додека жената е „покорна“.


Секс во стоечка положба

Станува збор за поза која им е омилена на луѓе кои се во потрага по нешто ново, додека во кревет сакаат да експериментираат. Тие се отворени за нови искуства и не се плашат да истражуваат. Мажите кои повеќе го сакаат ваквиот секс обично се храбри и харизматични, додека жените кои ја преферираат оваа поза се енергични и се во потрага по нови возбудувања.

Лажица

Во оваа поза се крие најмногу романтика. Страста и нежноста доаѓаат до израз, но и блискоста и интимноста со партнерот. Оваа поза ја сакаат опуштени жени кои обожуваат бавен секс, но и мажи кои се внимателни и сакаат нивната партнерка да биде задоволена.


Спонозорирани линкови

Маркетинг