„Џон Вик 2“: Истражете го светот на најопасниот платен убиец

Точка

03/02/2017

21:21

5650

Големина на фонт

а а а

Во првиот дел го следевме пустошењето на Џон Вик затоа што гангстери не му дозволија на мир да ја прежали смртта на својата сопруга. Сега, неговиот бес повторно ќе се разбуди.

Славниот холивудски актер Кијану Ривс бил подготвен да ги надмине сопствените граници за што подобро да го олицетвори најдобриот убиец на светот, но дури сега ни е навистина јасно до колку далеку бил подготвен да појде.


Имено, славниот актер за потребите на новиот филм за Џон Вик почнал да тренира и боречки вештини, а се здобил и со разни други знаења за борбите. Освен тоа што се подобрил во користење на огнено оружје, очигледно станал и мајстор за каскадерско возење.



Во најновото видео кое го објави продуцентската куќа Warner Bros., Кијану многу убаво ни објасни како успеал да научи толку многу работи и ни кажа дека Џон Вик ќе биде уште поопасен во новото продолжение.


Во второто продолжение Џон Вик потпишува со крв дека ќе му помогне на еден свој пријател со цел тој да ја превземе контролата над група меѓународни убијци, поради што патува во Рим каде што ќе се соочи со најсмртоносните убијци на целиот свет.

Во новиот дел повторно глумат Иан Мекшејн, Џон Легузијамо, Бриџит Мојнахан, Томас Садоски и Ленс Редик, а ќе видиме и некои нови лица.


Спонозорирани линкови

Маркетинг