Славната планина крие тајна: Во оваа соба никој не смее да влезе

Точка

03/02/2017

17:50

11.168

Големина на фонт

а а а

Ретко кој знае дека планината Рашмор, која годишно ја посетуваат неколку милиони туристи, ја има оваа соба...

„Mount Rushmore“ е монументална гранитна скулптура која ја креирал Гутзон Борглум, а прикажува 18-метарски скулптури од главите на поранешни претседатели на САД во нивна чест и е замислена како патриотски симбол на оваа земја. Се наоѓа во близина на Кејстон во Јужна Дакота, а опфаќа површина од 5.17 квадратни километри. Од лево на десно, на неа се прикажани Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Теодор Рузвелт и Абрахам Линколн.


Иако изгледа величенствено, ретко кој знае дека оваа скулптура крие голема тајна. Имено, зад изрезбаната глава на Абрахам Линколн се наоѓа тајна одаја, која скулпторот Борглум очигледно внимателно и плански ја испланирал.


Туристите не смеат да влезат внатре

Иако првично планирал да направи поголема слика која ќе прикажува историски моменти од САД, на крајот поради разни ограничувања сфатил дека најдобро е да ги направи само главите на претседателите. Но, владата на САД му дозволила и работа на посебен проект – креирање на тајна соба.


Во таа скриена соба, скулпторот сакал да им остави порака на идните генерации – како еден вид на трезор кој ќе биде отворен за неколку илјади години и ќе ѝ овозможи на некоја друга цивилизација да дознае сè за нас, особено кога ние повеќе нема да бидеме тука.


Иако скулпторот починал пред да го заврши проектот, тој бил повторно започнат во 1990 година и била завршена работата на тајната соба, а внатре наводно се наоѓаат плочи на кои е напишана историјата на САД, Декларацијата за независност, Повелбата за човекови права и биографијата на самиот скулптор, а сè се чува во трезор изграден од титаниум.


Спонозорирани линкови

Маркетинг