“Rings”: Ако сте го погледнале тоа видео, вашите седум дена се отпочнати!

Точка

03/02/2017

12:24

4.399

Големина на фонт

а а а

Легендата тврди дека сите оние коишто ќе се осудат да ја погледнат мистериозната видео касета, со сигурност ќе умрат во рок од една недела. Но овојпат, за последен пат во историјата повторно ќе се случи тоа, бидејќи се чини дека на проклетството успеале да му стават крај.

Пред петнаесет години една новинарка започна да ја истражува мистериозната смрт на својата внука. Тогаш се испоставило дека младата девојка погледнала таинствена видео касета којашто предизвикува смрт кај гледачот во период од една недела од гледањето. А бидејќи видео касетите се веќе одамна заборавени, во продолжението на филмот се работи за компјутерски вирус во вид на видео снимка.



На самиот крај на филмот “Ring” снимен уште во далечната 2002-ра година, ни стана јасно дека проклетството коешто со себе го донесува гледањето на тој видео запис е сè уште активно. Смртоносната Самара од мистериозната видео касета остана да ги чека своите нови жртви над коишто повторно би ја извршила својата “казна”...


Овој филм тогаш прерасна во вистински кино хит, заработувајќи околу милион долари. Сепак, второто продолжение од оваа франшиза помина исклучително лошо и се здоби со главно негативни критики.

А оваа година, конечно добиваме и финале на таа приказна и конечно ќе дознаеме дали може ужасниот злодух да се истера од овој свет и да се врати онаму кадешто и припаѓа. И судејќи според трејлерите за овој филм, ќе имаме можност повторно да погледнеме одличен хорор, којшто има предиспозиции да биде добар исто колку и првиот дел од франшизата.



Во третото продолжение на франшизата за долгокосата психотична девојка во главните улоги ќе ги видиме Матилда Луц, Алекс Ро, Џони Галецки и Ајме Тигарден. Филмот е режиран од Хавиер Гутјерез.

Филмот тукушто започна да се прикажува премиерно во светските кино сали, а набрзо ќе имаме прилика да го погледнеме и кај нас.


Спонозорирани линкови

Маркетинг