Вујовиќ обелодени што им порачал на играчите на полувремето и како го изрежирал нестварниот кам-бек со Хрватска

Дерби

03/02/2017

11:20

1.636

Големина на фонт

а а а

Веселин Вујоввиќ ја размрда комплетната блаканска јавност со совјата ијзјава која ја даде за „24 часа“, интервју во кое директно го обвини македонскиот селектор Лино Червар за фолирање поради тоа што едвај чека да добие понуда од Хрватска за да побенгне од функцијата во нашата селекција, а притоа се колне дека верува во проектот кој тој го стартуваше.

Ваквиот став на Вујовиќ секако предизвика многу коментари во хрватската, но и во македонската спортска јавност, но од ексклузивното интервју на популарниот Вујо за споменатиот угледен медиум за издвојување е уште една изјава поврзана за неверојатниот кам-бек на Словенците.

Словенија успеа да стигне до историската прва бронза на светските ракометни првенства откако успеа да анулира негатива од минус осум за да слави над Хрватска, а сега Вујовиќ обелодени што им порачал на своите ракометари на полувремето кога ситуацијата изгледала безизлезна.

– Искрено очекував дека ќе налетаме на изморена Хрватска која неполни 24 часа претходно имаше натпревар со Норвешка. Мислев дека лесно ќе ти претрчаме, дека ќе ги прегазиме со ритамот, но ништо од тоа. Без прекршоци, без трка, без борба. На полувремето морав да реагирам. Ги потсетив играчите на нивните предци, на нивните семејства, све што имав да им кажам им кажав во лице. Им реков дека ги гледа цела држава, дека нивните родители и девојки плачат додека ги гледаат како играат. После тоа потонавме на минус осум, и тука пресеков. Им реков, кој ќе го извлече ова, заслужува орден. На крајот се случи, – вели Вујовиќ во изјавата за „24 часа“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг