Проверете: Дали помеѓу вас постои сексуална привлечност?

Точка

02/02/2017

21:04

4838

Големина на фонт

а а а

Важна е љубовта, а не сексот – дали е тоа точно?

Искреноста, довербата, разбирањето, вниманието... Сето тоа во комбинација резултира во совршена и долга врска. Меѓутоа, без разлика колку суровите романтичари ви истакнуваат дека сексот не е важен, ќе мораме да ги разочараме – тој е многу важен во врската. И мора да се соочите со тоа.

Доколку помеѓу вас не постои сексуална привлечност, ниту врската нема да трае долго. Бидејќи кога – тогаш некој од вас двајца ќе го побара она што му недостасува. Според тоа, од голема важност е да се разбирате во кревет и помеѓу вас да постои познатата хемија...


Доколку се пронаоѓате во следните работи, не грижете се – помеѓу вас постои сексуална привлечност!

» Тој не мора да ви кажува што сака, бидејќи одлично се разбирате со поглед.

» Имате голема доверба еден во друг.

» Заедно ги тестирате вашите сексуални граници и не се плашите од разни експерименти во кревет.

» За вас сексот не е обврска.


» Сексот никогаш не ви недостасува.

» За сè можете искрено да разговарате.

» Ништо не ви е непријатно.

» Не сте себични, па задоволството на партнерот ви е еднакво важно како и вашето.

» И двајцата се чувствувате посакувано.


Спонозорирани линкови

Маркетинг