Советската депонија за празни шишиња од водка денес е прекрасна заштитена плажа

Точка

02/02/2017

17:50

7.900

Големина на фонт

а а а

Додека служела како депонија, плажата била опасна и никој не можел да прошета по неа поради острите парчиња искршено стакло. Сега е под заштита и е исклучително популарна, па преку лето луѓе одат да се капат таму, а преку зима е атрактивна поради блескавите шарени камчиња во снегот.


Плажа како калеидоскоп. Иако изгледа како да настанала по природен пат, руската Стаклена плажа, во близина на Владивосток, настанала на тој начин што „морето“ од шишиња под влијание на океанот еродирало во текот на годините и го претворило стаклото во камчиња во прекрасни бои.


На оваа плажа во времето на владеењето на Советскиот сојуз се фрлале старите шишиња од водка, вино и пиво, но и порцелан, пишува Siberian Times. Брановите кои удираат во нејзината површина го обликувале скршеното стакло во камчиња и така ова загадување го претвориле во прекрасно место.


Во времето кога била користена како депонија, плажата била опасна и никој не можел да прошета по неа поради острите парчиња искршено стакло. Сега таа е под заштита и е исклучително популарна, па преку лето луѓе одат да се капат таму, а преку зима е атрактивна поради блескавите шарени камчиња во снегот.








Спонозорирани линкови

Маркетинг