Мец следен ривал за ЖРК Вардар

Макфакс

02/02/2017

13:54

874

Големина на фонт

а а а

Ракометарките на Вардар, в сабота, продолжуваат со настапите во Лигата на шампионите. Вардарки во вториот натпревар во Групата 1 ќе го пречекаат француски Мец.

ЖРК Вардар, против Мец, бара потврда на претходната победа над Будуќност во Подгорица и продолжување на триумфалната низа. Победата над Будуќност беше шестата во низа за „црвено црните“ со што е израмнет клупскиот рекорд во Лигата на шампионите, а против Мец тимот на Давид Дејвис Камара сака да ја продолжи триумфалната низа.

„Мец е добар тим, не очекува тежкок натпревар. Тие против Будуќност, во првата фаза, одиграа два добри натпревари, дома победија, а во Подгорица загубија со два гола разлика. Мец е тим кој игра добра одбрана и во тимот има три репрезентативки на Франција. Сепак Вардар кога игра дома не смее да дозволи изненадување“, рече тренерот Дејвис.

Шпанецот кој на клупата ја замени Индира Кастратовиќ, одоговири и на прашањето за ротациите во играта, нешто што му го дозволува „долгата клупа“.

„Мојот стил е таков, сите треба да играат во одреден дел од натпреварот. Имаме квалитетни ракометарки, сите треба да добијат шанса. Вардар треба да диктира силно темпо, а за го постигнеме тоа потребно е да се задржи свежината кај ракометарките“, рече Дејвис.

ЖРК Вардар и Мец ќе играат в сабота во Скопје од 17:30 часот. Пред овој меч Вардарки се на лидерската позиција во Групата 1 со 9 бодови, два повеќе од ФТЦ и три од Будуќност, додека Мец и Турингер имаат по четири бода и најверојатно овие две екипи ќе се борат за четвртото место во групата и пласман во четвртфиналето.


Спонозорирани линкови

Маркетинг