Прекрасни, а смртоносни: Најопасни плажи во светот кои можат да ви го уништат одморот

Точка

01/02/2017

18:38

7.406

Големина на фонт

а а а

Медузи, ајкули, силни струи, па дури и локалните жители и тоа како можат да ви го уништат одморот...

Иако многу плажи ширум светот изгледаат како идеално место за опуштање и уживање, во суштина се многу опасни. Медузите, ајкулите, силните струи па дури и локалните жители можат многу лесно да ви го уништат одморот.

1. Плажата Зиполите во Мексико


На прв поглед би се изненадиле зошто ова убаво место носи морничаво име – „Плажа на мртвите“. Опасна е најмногу поради големите бранови и силни струи, па така во 1995 година била организирана волонтерска служба за спасување за да се намали бројот на несреќи.

2. Северниот дел од Квинсленд во Австралија


Во споредба со другите територии на Австралија, тука речиси нема крокодили. Меѓутоа, има премногу отровни змии, медузи и пајаци. Секоја година помеѓу септември и април голем број на плажи се затвораат поради отровните медузи кои се одговорни за најмалку 70 смртни случаи од 1883 година.

3. Њу Смирна во Флорида, САД


Иако се смета за една од најдобрите во Флорида, на оваа плажа морате да бидете многу внимателни. Има многу ајкули кои често ги напаѓаат пливачите. Во 2007 година од 112 регистрирани напади на ајкули врз луѓе, 17 се случиле токму на оваа плажа.

4. Гансбаи во Јужна Африка


Оваа територија ја населуваат големи бели ајкули. Во близина на брегот се наоѓа Шарк ели, мал канал помеѓу островите Дајер и Гејсер Рок, а го населуваат околу 60.000 моржови кои привлекуваат големи бели ајкули.

5. Плажата Ханакапиаи на Хаваите, Америка


Ова е без сомнеж една од најубавите плажи на Хаваите, но се наоѓа многу далеку од спасувачката станица. Струите се многу силни, па пливањето е многу ризично.

6. Шенжен, Кина


Оваа плажа во Кина е многу популарна дестинација за локалните жители и туристите. Толку е полна, што едвај ќе најдете место каде да го ставите пешкирот, а често се случува туристите зад себе да остават купишта ѓубре. Поради тоа, не е многу пријатна за уживање.


Спонозорирани линкови

Маркетинг