Виена: Замрзнатиот Дунав ги мами љубителите на лизгањето!

Точка

01/02/2017

13:56

4157

Големина на фонт

а а а

Делови од Дунав, втора според должината река во Европа којашто тече низ осум држави, замрзнати се по втор пат во последните 30 години.

Студениот бран проследен со поларни температури којшто го погоди нашиот континент им создаде низа од проблеми на голем дел од државите, особено на сите оние коишто зависат од речниот сообраќај од Германија до Црното море, но жителите на Виена овојпат пронашле начин и за да уживаат во магиите на ледената прекривка.

На замрзнатиот Дунав тие се лизгаат и играат хокеј, а во зимските радости уживаат дури и кучињата.

Локалните власти сепак ги опоменале граѓаните дека ваквите активности би можеле да бидат и опасни, бидејќи сепак не е познато колкава е дебелината на ледената прекривка.



Веќе кон почетокот на оваа година, на -17 степени Целзиусови, започнале да се замрзнуваат делови од оваа река, кога настанале и сосема неверојатни фотографии од самото речно корито. Токму затоа биле ангажирани и бројни ледокршачи бидејќи целокупниот речен сообраќај бил блокиран, а мразот пак сериозно ги загрозил бродовите и сплавовите.


Спонозорирани линкови

Маркетинг