Неодоливи градови: Ова се најпосетените дестинации во светот

Точка

31/01/2017

19:00

4.605

Големина на фонт

а а а

Луѓето патуваат повеќе од било кога претходно во историјата, а два азиски градови дочекуваат повеќе посетители од било која друга дестинација.

Веќе седум години по ред Хонг Конг го зазема првото место на годишната листа на најпосетени дестинации во светот која секоја година ја составува Euromonitor. Тој град во 2015 година дочекал 26.69 милиони посетители, а и покрај тоа што е прв на листата, забележан е пад на бројот на туристи.

Она што го изгубил Хонг Конг, го добил Бангкок. Престолнината на Тајланд во 2015 година привлекла 18.7 милиони странски посетители и се нашла на второто место на листата со што го потиснала Лондон.

Euromonitor ја составува листата врз основа на податоци за 57 држави во светот.

Иако таа компанија соопштува дека 2015 година била една од најтурбулентните во блиското минато, поради терористичките напади, геополитичките конфликти, економската неизвеснот, но и зика вирусот. Сепак, во стоте најпосетени градови во светот регистрирале раст на бројот на меѓународни посети од дури 55 отсто.

Погледнете ја листата на десетте најпосетени градови во 2015 година:

Хонг Конг


Бангкок


Лондон


Сингапур


Париз


Макао


Дубаи


Истанбул


Њујорк


Куала Лумпур



Спонозорирани линкови

Маркетинг