Омиленото летувалиште на Бил Гејтс се наоѓа во нашето соседство

Точка

31/01/2017

13:52

9390

Големина на фонт

а а а

Дали знаете кој град Бил Гејтс го навел како свое омилено летувалиште?

Скрадин, хрватскиот град којшто долго време беше надвор од сите туристички мапи, сега станува исклучително популарно одредиште коешто го обожува дури и основачот на Microsoft и најбогатиот човек на светот, Бил Гејтс.

Пред шест илјади години на ова подрачје дошле првите племиња на Илирите и тие токму тука ја побарале својата среќа. И може да се каже дека тие и го нашле токму тоа што го барале, бидејќи поради одличната положба и преубавата природа, значењето на Скрадин непрекинато било во пораст.


Некогашната Скардона била важно пристаниште и упориште на римската војска, но и важно трговско седиште.

Во текот на 6-от век била уништена и опустошена, но Словените подоцна ја обновиле. Во текот на 13-от век на власт во Скрадин доаѓаат Брибирските кнезови кога градот започнал да се развива во типично далматинско место.

Помеѓу најпознатите владетели биле Шубиќи-Брибирски коишто Скрадин го прогласиле за главен град на Хрватска и Босна.


Долгата историја оставила своја трага на многубројните локалитети во градот, но и во неговата околина. Најзначаен археолошки локалитет, којшто се наоѓа на само 15 километри од Скрадин е Брибирска главица, попозната под називот “Хрватската Троја”. Ова е локалитет на којшто може да го следите текот на животот на ова подрачје, од праисторијата па сè до доцниот среден век.

Ако пак застанете на популарното одморалиште Крка, ќе ви се пружи поглед на градот којшто лежи во заливот – буквално како на дланка. Она што најпрво ќе го забележите е камбаната на барокната црква Раѓањето на Блажена Девица Марија од 18-от век која доминира во панорамата на градот. Оваа црква е изградена во време кога со градот владееле Млетците и настанала на темелите на некогашна катедрала, којашто во своите походи ја разориле турците.


Интересно е дека црквата и камбаната се оддалечени меѓусебно дваесетина метри, а помеѓу нив се наоѓа плоштадот Мала Госпа, на којшто се сместени Парохијата и Градското собрание.


Другата црква во градот е православна, тоа е Црквата Свети Спиридон од 19-от век, којашто била подарок од царот Фрањо Јосип за жителите. Во непосредна близина е Музејот на градот којшто може да се пофали со богата античка збирка. На ридот пак има тврдина од 14-от век од којашто може да се ужива во преубав панорамски поглед на градот и околината.


Сместен на устието на реката Крка во Јадранското море, Скрадин е и еден вид на чувар на “водениот” влез во Националниот парк Крка. Неговата положба се покажала како совршено пристаниште во текот на историјата, па токму затоа не е никакво чудо што тука е денес сместена ACI марината којашто секоја година ја посетуваат многу луксузни јахти на коишто се сокриваат познатите светски ѕвезди.



Спонозорирани линкови

Маркетинг