Вујо со изјава на годината: Секако дека Словенија ќе игра само во последните 10 минути кога селекторот им е…

Дерби

31/01/2017

11:00

5.311

Големина на фонт

а а а

Словенечките ракометари беа пречекани како национални херои во Љубљана за историскиот успех и освоениот бронзен медал на Светското ракометно првенство во Франција, а како што беше и во текот на шампионатот, во прв план при обраќањето пред нацијата и илјадниците фанови се најде Веселин Вујовиќ кој излезе со изјава на годината.

Ценетиот стручњак кој во минатото беше тренер и на Вардар е познат по своите интересни изјави, но овојпат дефинитивно ја даде најкомичната на која не останаа рамнодушни сите кои беа присутни на пречекот на ракометарите.

– Прво ќе ви кажам една работа, вие сте златен народ и заслужувате вакви момци. Луѓето велат, ги тренира Црногорец, секако дека ќе играат само во последните 10 минути, – низ смеа порача Вујовиќ кој во продолжение многу посериозно ја открил и својата голема желба за Европското првенство во Хрватска кое е на програмата наредната година.

– Големи честитки за момците за сето она што го направија, се надевам дека од Хрватска ќе се вратиме со злато, тоа е желбата, – додал популарниот Вујо.



Спонозорирани линкови

Маркетинг