Трагичарот Хорват откри: Промашениот пенал ќе ме прогонува цел живот

Дерби

31/01/2017

10:56

764

Големина на фонт

а а а

Хрватска загуби од Норвешка по продолженија со 28:25 во полуфиналето на СП, но претходно десното крило Златко Хорват имаше прилика по завршувањето на регуларниот дел да ја однесе неговата репрезентација во финале.

Сепак, Хорват промаши, поточно Бергеруд го одбрани неговиот удар и од херој во секунда се претвори во трагичар. Поддршка на крилото на Загреб му даде цела Хрватска, но тој истакнува дека нема лесно да го заборави пеналот.

- Со оглед на се што ни се случи во Париз, мислам дека може да бидеме горди. Жал ми е што недостигаше малку спортска среќа за се да биде поубаво. Што се однесува до промашениот пенал, добив поддршка од цела Хрватска, не само од соиграчите. Им благодарам на сите. По дуелот со Норвешка успеав малку да отспијам, не многу, бидејќи не чекаше дуел со Словенија. Среќа што брзо дојде натпреварот со Словенија, па морав да се концентрирам и да не мислам на промашениот пенал, но дека тој пенал ќе ме прогонува и понатаму, сигурен сум дека ќе биде така. – изјави Хорват.


Спонозорирани линкови

Маркетинг