Ако вашиот партнер ги има овие 4 особини, постои поголема веројатност дека ќе ве изневери

Точка

30/01/2017

21:27

9.727

Големина на фонт

а а а

Прељубата е честа тема на многу истражувања, а неодамна е докажано дека постојат луѓе кои едноставно не можат да се воздржат од неверство, а за тоа можат да им се „заблагодарат“ на некои вродени особини.

Имено, науката тврди дека постојат одредени навики во однесувањето кои укажуваат на предиспозиција некои луѓе да станат прељубници. Во продолжение прочитајте кои се карактеристиките на родените прељубници.

1. Да се ризикува премногу

Таквите луѓе често се склони кон драма, а особено ги возбудува фактот дека би можеле да бидат фатени. Со други зборови, таквите личности повеќе уживаат во бурен љубовен живот, а помалку во оној стабилниот.


2. Непрестано жалење

На таквите луѓе ништо во животот не им е доволно добро, а на секој партнер успеваат да му најдат мана. Нивното ситничарење доведува до хронична несреќа во врската во која се наоѓаат, па не е за чудење тоа што често се во потрага по нешто подобро. Но, и во таквиот однос ќе најдат нешто што не им одговара.

3. Задржување на проблемите во себе

Луѓето кои не можат искрено да разговараат со партнерот за тоа што им пречи или ги мачи, исто така се често несреќни во врската. Така, често се чувствуваат осамено, па поради тоа скршнуваат од патот. Мажите најчесто изневеруваат поради сексуално задоволство, а жените бидејќи сакаат да се чувствуваат посакувано и сакано.


4. Бели лаги

Тоа се сите оние мали лаги кои му ги кажувате на партнерот само за тој да биде задоволен и за да избегнете било какви потенцијални проблеми и расправии. Едно друго истражување открило дека луѓето кои се служат со бели лаги, често проверуваат до која граница можат да одат со партнерот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг