Мегапроект после 128 години: 15 – годишна реконструкција на Ајфеловата кула

Точка

30/01/2017

17:12

3484

Големина на фонт

а а а

Претходната голема реконструкција се одвивала во 1981 година, кога целта била да се намали тежината на кулата за 1000 тони. Имено, со тек на време во кулата бил отворен ресторан кој додал на тежина, па тоа влијаело на структурна деформација. И тогаш се реновирале лифтовите, скалите и се работело на подобрување на безбедноста.

Најголемата атракција во Париз во следните 15 години ќе биде во реконструкција. Но, не мора да се грижите, ова не зачи дека за сето тоа време нема да можете да се искачите на Ајфеловата кула, бидејќи реконструкцијата ќе се одвива постепено.

Ќе се работи на подобрување на безбедноста, заштита од снег и дожд за посетителите кои чекаат во редови, модернизација на лифтовите...

Овие најави стигнаа во исто време кога Париз се пријави за домаќин на Олимписките и Параолимписките игри во 2024 година и за домаќин на Светската изложба (World Expo) во 2025 година.


Ајфеловата кула е изградена во 1889 година за Светскиот саем (World Fair) и требала да остане само привремено, но се претворила во најголемата атракција во Париз. Издржала толку долго благодарение на редовните реновирања, а оваа која следува ќе биде едно од најголемите.

Претходната голема реконструкција се одвивала во 1981 година, кога целта била да се намали тежината на кулата за 1000 тони. Имено, со тек на време во кулата бил отворен ресторан кој додал на тежина, па тоа влијаело на структурна деформација. И тогаш се реновирале лифтовите, скалите и се работело на подобрување на безбедноста.

1889 година

Кулата била отворена и била опремена со трибојни светла во сина, бела и црвена боја, а сигналот се менувал на секои 90 секунди. Така се тестирале сопирачките на лифтовите, така што ги сечеле нивните метални кабли. За среќа, работеле резервните сопирачки и илјадници сијалички ја осветлувале кулата.

1900 година

Биле поставени нови лифтови кои возеле 10 пати во еден час и можеле да превезат 40 патници.


1914 година

Кулата за време на Првата светска војна била затворена.

1937 година

Архитектот Андре Грасе го изградил најголемиот светски лустер кој висел под првата платформа за време на Изложбата на уметноста и техниката. Лустерот бил составен од 10 километри шарени флуросцентни цевки поврзани со 30 проектори кои биле вперени кон небото.


1941 година

За време на Втората светска војна, Ајфеловата кула била затворена.

1957 година

После пожарот кој избил на врвот од кулата морала да се направи реконструкција која траела една година. Била поставена нова платформа и опрема за преноси во живо, кои им овозможиле на 3 радиски и телевизиски станици да го емитуваат својот сигнал.

1965 година

Во северниот дел е инсталиран нов лифт кој може да превезува 100 патници.

1969 година

На првото ниво е поставено лизгалиште.


1981 година

Реконструкција со која било планиран да се намали тежината на кулата за 1.000 тони.

1982 – 1983 година

А третото ниво биле поставени две платформи. На едната биле поставени маси кои ја покажуваат оддалеченоста кон другите градови, а на другата била отворена тераса со поглед во канцеларијата на Густав Ајфел. Бил додаден нов лифт кој за еден час можел да превезе 1.700 луѓе.

1995 година

На ред било 17-тото бојадисување. На секои 7 години, работници нанесуваат на кулата 60 тони боја, а целта е да се зачува структурата на железото и челикот.


2000 година

За прославата на новиот милениум, кулата добила 20 илјади сијалички кои биле инсталирани една по една. И денес можете да го фатите шоуто на наизменични светла, 5 минути секој час во текот на вечерта.


Спонозорирани линкови

Маркетинг