Андреа Пенезиќ една од „Трите ѕвезди“ на колото

Макфакс

30/01/2017

11:55

890

Големина на фонт

а а а

Левиот бек на ЖРК Вардар, Андреа Пенезиќ е една од трите ѕвезди на ЕХФ во првото коло од главната фаза во Лигата на шампионките. Покрај Пенезиќ ова коло го обележаа Стине Јоргесен од Митјиланд и Ана Грос од Мец.

Пенезиќ со осум гола го предводеше ЖРК Вардар до важната победа во балканското дерби против Будуќност во Подгорица (31:28). Вардарки прв пат во историјата славеа во главниот град на Црна Гора и веројатно го направија клучниот чекор кон освојување на првото место во Групата 1.

Десниот бек на Мец, Ана Грос, постигна девет голови, но не успеа да го спречи поразот на својот тим од ФТЦ (25:28).

Стине Јоргесен од Митјиланд блескаше во победата над Есбјерг 38:26 со 12 постигнати голови.


Спонозорирани линкови

Маркетинг