Вујовиќ: Да ги внесеше Бабиќ помладите ние ќе пукневме

Макфакс

30/01/2017

10:47

1.006

Големина на фонт

а а а

Селекторот на ракометната репрезентација на Словенија, Веселин Вујовиќ, изјавил дека е изненаден од одлуките кои ги носел неговиот колега Жељко Бабиќ, во епскиот меч за третото место на СП.

Словенија, во саботата, ја совлада Хрватска 31:30 во борбата за бронзениот медал. Во еден од највозбудливите натпревари во историјата на Мундијалите, Словенија во последните 20 минути успеа да надомести негатива од осум голови и на крајот да го освои првиот медал на СП-а.

„Кога Хрватска имаше голема предност, осум разлика, доколку Бабиќ внесеше помлади и поодморни играчи кои не играа многу, ние ќе „пукневме“, вака…не знам, можеби не сакаше да не победи со 10-15 голови разлика, а кога виде што се случува, кога започанвме да ја намалуваме предноста, дали од страв или од друга причина повеќе немаше храброст да ги внесе во игра помладите“, изјавил Вујовиќ, кој до пред неколку месеци беше тренер на најдобриот хрватски клуб Загреб.

Вујовиќ заедно со макеоднскиот селектор Лино Червар и поранешниот хрватски селектор Славко Голужа во медиумите се споменува како најсериозен кандидат за наследник на Жељко Бабиќ.

„Би лажел кога би кажал дека немам желба да ја предводам Хрватска“, им изјавил Вујовиќ на хрватските новинари.


Спонозорирани линкови

Маркетинг