ВТА: Ранкинг на кариерата за Ѓорческа, Серена се врати на првото место

Макфакс

30/01/2017

10:08

695

Големина на фонт

а а а

Серена Вилијамс со освоената титула на Аустралијан Опен се врати на челната позиција на ВТА листата. Осовјувачката на рекордни 23 грен слем трофеи во опен ерата, на првата позиција ја мина Анжелик Кербер. На најновата ВТА листа најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го бележи својот најдобар пласман, таа се наоѓа на 192-то место.

Помладата од сестрите Вилијамс повторно се наоаѓа на првото место на ВТА листата со во однос на Германката Кербер од 675 бодови.

Благодарение на резултатите кои се постигнаа на првиот грен слем турнир во сезоната на ВТА листата се случија неколку промени. Каролина Плишкова е веднаш зад најдобрите две тенисерки што преставува нејзин најдобар рејтнг во кариерата.

Најдобар ранкинг во кариерата бележи Лина Ѓорческа, која на Аустралијан Опен мина две рунди во квалификациите. Ѓорческа во однос на претходното рангирање напредуваше за 12 позиции и сега се наоѓа на 192-то место.

ВТА, Топ 10:
1.Серена Вилијамс (САД) 7.780
2. Анжелик Кербер (Германија) 7.115
3. Каролина Плишкова (Чешка) 5.270
4. Симона Халеп (Романија) 5.073
5. Доминика Цибулкова (Словачка) 4.985
6. Агњешка Радванска (Полска) 4.915
7. Гарбиње Мугуруса (Шпанија) 4.720
8. Светлана Кузњецова (Русија) 3.915
9. Медисон Киз (САД) 3.897
10. Џоана Конта (Велика Британија) 3.705.


Спонозорирани линкови

Маркетинг