Пијанистот Арда Мустафаоглу добитник на прва награда на светски натпревар

Макфакс

28/01/2017

16:20

6.267

Големина на фонт

а а а

На интернет натпреварот „Best Mozart Performance”, во рамките на „Great Composers” светските натпревари, во конкуренција на инструменталисти од САД, Полска, Канада, Велика Британија, Германија и други земји од целиот свет, македонскиот пијанист Арда Мустафаоглу го освои првото место во неговата категорија.

Четиринаесетгодишниот пијанист Арда Мустафаоглу е ученик во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје, во класата на м-р Самира Мустафаоглу.

Тој со своите настапи ја плени не само македонската публика, туку и публиката на бројните меѓународни пијано натпревари во Македонија, Србија, Бугарија, Албанија и Италија каде има добиено многубројни први награди.


Спонозорирани линкови

Маркетинг