Најпријателската земја во светот во која сите се љубезни, па дури и машините

Точка

26/01/2017

17:51

8138

Големина на фонт

а а а

Кога приоѓате до такси, возачот веќе ви ја отвора вратата. Кога влегувате во ресторан или продавница, персоналот ви се поклонува, а кога ги напуштате, ви се поклонуваат додека не им излезете од видното поле.

Да се биде љубезен и несебичен кон другите без никакво очекување за возврат, навистина постои и во светот е познато под името на јапонската гостопримливост, односно омотенаши.


Омотенаши е испреплетен во животот на Јапонците од мали нозе. Тоа е плод на желбата да одржуваат рамнотежа и да избегнуваат конфликти, а се развил од јапонската церемонија поврзана со чајанки, кодекс на однесување на самураите. Така барем сметаат јапонските етнолози.


Имено, јапонските чајанки навистина се посебна церемонија, па така домаќините многу внимателно се подготвуваат за нив. Од создавање на одредена атмосфера, користење на одредени садови, до избор на цвеќиња и декорација... всушност, внимание при изборот на секој детал. Гостите, пак, изразуваат благодарност за трудот на домаќинот.

Самураите ги красел одреден кодекс на однесување, дисциплина, морал и чест. Тие принципи се втемелени во зен будизмот, што значи дека личноста мора да ги владее своите чувства со внатрешен мир, да има почит кон другите, дури и кон непријателите.


Од мали нозе Јапонците ги учат дека, ако некој направи нешто убаво за нив, тие треба да направат нешто убаво за таа личност. Но, ако личноста им направи нешто лошо, не треба да возвратат со лошо однесување. Доброто на сите доаѓа пред личните потреби.


Како и да е, денес Јапонците се познати во светот по исклучителната љубезност која се гледа на секој чекор. Така, кога приоѓате до такси, возачот веќе ви ја отвора вратата. Кога влегувате во ресторан или продавница, персоналот ви се поклонува, а кога ги напуштате, ви се поклонуваат додека не им излезете од видното поле. Кога ви враќаат кусур, едната рака ја ставаат под вашата, за да не ви испаднат ситните пари. Ако се болни, на лицата носат хируршки маски за да не ги заразат другите. Ако почнат да градат куќа, Јапонците на своите соседи им носат подарок: средства за чистење за полесно да ја исчистат куќата од неизбежната прашина.


Во Јапонија љубезни се дури и машините. Вратата од такси возилото автоматски се отвара кога му приоѓате, а лифтовите се извинуваат ако сте ги чекале долго време.



Спонозорирани линкови

Маркетинг