Зимска магија: Вака изгледа кога ќе замрзне најдлабокото езеро во светот

Точка

26/01/2017

14:11

5.419

Големина на фонт

а а а

Бајкалското езеро е најдлабокото, најстарото и најголемото слатководно езеро на светот. Кога доаѓа зима, езерото станува посебно магично. Погледнете ја галеријата на фотографката Кристина Макева.

На езерото се формирал мраз со дебелина до 180 сантиметри, па луѓето без проблем можат да одат или да возат велосипед, мотор или санка по него.


На мразот се формираат пукнатини, но не доаѓа до одвојување на неговите делови, па луѓето можат слободно да се движат по него.


Под површината на езерото во зима се формираат меури. Тие настануваат од метанот кој го произведуваат алгите.


"Мразот на Бајкалското езеро е полн со енигми, повеќето формации ги интригираат и научниците", вели Кристина.


"Додека мразот пука, настанува звук како грмењето", вели оваа фотографка.


Езерото е толку бистро што може да се гледа и до 40 метри длабочина во него.


Бајкалското езеро го има прекарот "Бисерот на Сибир", и богато е со флора и фауна.



Спонозорирани линкови

Маркетинг