Димитров во полуфиналето на АО

Макфакс

25/01/2017

10:09

391

Големина на фонт

а а а

Григор Димитров го совлада Давид Гофан со 3:0 и се пласира во полуфиналето на Аустралијан Опен. Бугарскиот тенисер втор пат во кариерата ќе игра во полуфиналето на накој од грен слем турнирите, пред три години играше во полуфиналето на Вимблдон.

Димитров, кој во Мелбурн пристигна по освоената титула во Бризбејн, против Гофан ја забележа десеттата победа во 2017 година.

Бугаринот одигра одличен меч, со решенија за се што имаше подготвено Гофан и по три часа игра славеше со 6:3, 6:2, 6:4.

Димитров во првите два сета уште на почетокот му го одземаше сервисот на противникот, Гофан успеваше да возврати, но не и да му создаде дополнителни проблеми на Бугаринот.

Негов противник во полуфиналето ќе биде подобриот од пресметката помеѓу Милош Раониќ и Рафаел Надал. Првата полуфинална двојка веќе ја формираа Швајцарците Роџер Федерер и Стан Вавринка.


Спонозорирани линкови

Маркетинг