Инструмент за владеење: Како тероризмот служи за остварување на политички интереси

Точка

25/01/2017

12:11

2.170

Големина на фонт

а а а

Војната против глобалниот тероризам прерасна во инструмент со кој што се постигнуваат одредени цели и стратешки интереси на многу земји ширум светот.

Бројот на терористички напади во светот е во пораст, а според некои аналитичари, модерниот тероризам е нешто како „дар од небото“ за големите сили како на Западот, така и на Истокот.

Од Путин, преку Асад и Сирија, па се до Турција на Ердоган, тероризмот стана клучен стратешки сојузник на диктаторите и автократите кои што тврдат дека токму против тероризмот се борат и го залажуваат народот за лични интереси.

Во некој поблаг облик, истото важи и за демократските земји на Западот, меѓу кои главен претставник е Франција, чии што политички лидери се обидуваат да добијат политички поени на сметка на внатрешните закани и надворешните непријатели.

Секако, тоа не значи дека властите на земјите се радуваат кога ќе се случи некој терористички напад, ниту пак потајно се надеваат дека ќе се случи нешто лошо кое што ќе го привлече вниманието на целиот народ.


Едноставно кажано, тоа значи дека политичарите секогаш имаат потенцијална корист која што можат да ја извлечат од тие напади и таквиот начин на делување да стане пракса, а најмногу загрижува тоа што интересот не е пораз на тероризмот, туку нешто сосема друго.

Владите имаат голема корист од опсесијата на јавноста од „исламистичката закана“, а многу книги се посветени на таа тема. Меѓутоа, ако се погледне историјата на политичките мисли, големите умови одамна расправаат за неопходноста кај народот да биде присутен стравот за да има успешно владеење.

Економистот Роберт Хигс тоа го сумираше со реченицата: „без широко распространети стравови, ниту една влада не би опстанала ниту 24 часа“.


Во книгата насловена како „Примена на стравот: Политичката употреба на емоциите“, која што ги анализира размислувањата на Макијавели и Карл Шмит, филозофите и историчарите, Патрик Бушерон и Кори Робинс потсетуваат дека владеењето, без оглед дали станува збор за демократски или деспотски облик, се заснова на стравот и механизмот кој што овозможува интензивирање и „подгревање“ на ситуацијата.

„Политичката моќ секогаш се користи со стравот, дефинирајќи ја заканата која што би го нарушила националното единство или фокусирајќи го вниманието на населението на политичките сили способни да го нарушат постоечкиот начин на живот“, пишуваат Бушерон и Робинс.

„Стравот е политички проект кој што се развива на утврден начин, со идеолошки дискурс и низ заеднички акции“.

Денес на Западот, но и насекаде низ светот, стравот и реториката за „терористички закани“ водат кон одреден начин на управување, дури и во поставувањето на одредени режими. Кога самата закана не е доволна, властите стануваат покреативни, па се измислуваат џихадистички закани и лажни напади.


Во така вешто креирана атмосфера на страв, деспотите, најчесто самопрокламирани „бедеми против џихадизмот“, всушност самите ја превземаат улогата на терористи, затоа што со застрашување и создавање на слика на лажна безбедност потврдуваат дека тие се поопасни од оние кои што ги нарекуваат терористи.

Примерите на таква пракса се бројни, а можеби најпознат и најочигледен е начинот на кој што египетскиот претседтел Абдел Фатах ал Сиси се пресмета со протестите, опсадата на Алепо од страна на Асад и Путин и бомбардирањето на Јемен од страна на коалицијата предводена од Саудиска Арабија.

Властите ги користат таканаречените „дежурни виновници“ како што се Исламската држава, Боко Харам и Ал Каида за да го свртат вниманието на граѓаните од сопствените злосторства против човештвото.


Спонозорирани линкови

Маркетинг