Си се „испукаа“ за време на паузата: Вавринка и Цонга се „фатија за гуша“ во Мелбурн

Дерби

24/01/2017

12:53

1.861

Големина на фонт

а а а

Стен Вавринка по нешто повеќе од два часа го среди Жо Вилфред Цонга (7-6, 6-4, 6-3) и обезбеди пласман во полуфиналето на Австралија Опен каде ќе ги одмери силите со неговиот добар пријател и сонародник Рожер Федерер.

Триумфот на Вавринка над Цонга и не беше некое изненадување, но секако изненадување беше нивната препирка и нервозна конверзација за време на паузата по првиот сет. Тие на француски си кажаа што си имаат да си кажат со што на некој начин потфрдија и дека баш не се мирисаат, зошто и во минатото имаа одредени недоразбирања.



Ова е нивниот разговор:

Вавринка: Што рече? Ти беше тој кој ме гледаше и ми зборуваше. Што бараш? Продолжи, добро е. Дали јас те погледнав еднаш?

Цонга: Да секако

Вавринка: Кога?

Цонга: Сега

Вавринка: Ти ме гледаш мене. Ова е тениски меч мораш да се смириш. Ова е тениски натпревар, опушти се.

Цонга: Нема потреба да се грижиш

Вавринка: Терај си го ти твоето, јас моето и се ќе биде како што треба.


Спонозорирани линкови

Маркетинг