Ги разоткри само една фотографија? Дали е Лила во врска со брат на наш познат ракометар?

Точка

20/01/2017

17:09

13280

Големина на фонт

а а а

За Лила Филиповска веќе извесно време “се шушка” дека е во врска со братот на познатиот ракометар Столе Стоилов, Стефан.

Тие двајца пак, неколку пати наназад споделуваа фотографии коишто се совпаѓаа и со тајмингот, и со локацијата, но сепак, ниту една од нив не беше заедничка.

Претходно Лила и самата јавно призна дека има новини во нејзиниот љубовен живот, но дека поради претходните лоши крајни исходи овојпат таа решила да не обелоденува ништо од тоа.



Но, и покрај тоа, таа неретко се фали со своите романтични подароци, што значи дека во нејзината врска со “мистериозното момче” дефинитивно сè уште владее страста.

А она што можеби “ги издаде” е фотографијата на којашто таа позира покрај новогодишната елка, облечена во сандали, а на која самиот Стефан, реплицирајќи на коментарот на водителката Јована Стојменовиќ, наведе дека Лила постојано така се шeта во домот...





Спонозорирани линкови

Маркетинг