Популарната пејачка (63) е пронајдена мртва: Изгорела во автомобил!

Точка

20/01/2017

11:48

6477

Големина на фонт

а а а

Пејачката на светски познатиот хит “Ламбада”, пронајдена е мртва недалеку од својот дом.

Бразилската пејачка Лоалва Браз Вијера, во светот позната по хитот “Ламбада”, вчера била пронајдена мртва во автомобил, во Сакуерема, соопштуваат полициски извори.

Според пишувањата на магазинот Globo, нејзиното тело било извлечено од опожарен автомобил, недалеку од нејзиниот дом.

Еден локален полициски службеник и ја потврдил оваа информација, не наведувајќи никакви дополнителни детали.

Инаку, песната “Ламбада” беше огромен светски хит во 1989-та година. Лоалва имала 63 години.


Приведен мажот којшто е одговорен за смртта на Лоалва?

Според некои извори, бразилската полиција веќе успеала да го задржи осомничениот за убиството на пејачката Лоалва Браз, при што тој веќе и го признал злосторството. Според неофицијални податоци, станува збор за поранешен вработен во хотелот на пејачката. Во моментов полицијата го истражува местото на злосторството и прави реконструкција на целиот чин.



Очевидци раскажале дека неколку лица успеале да влезат во зградата во којашто живеела пејачката, при што принудно ја ставиле пејачката во возилото коешто потоа и го запалиле. Тие запалиле оган и во нејзиниот хотел.

А сега, да се присетиме на нејзиниот светски мега-хит заедно со француската група “Каома”:



Спонозорирани линкови

Маркетинг