Елена и Далибор – „Армариум“: Индивидуалноста е новиот дрес код

Точка

18/01/2017

14:39

13970

Големина на фонт

а а а

Шармантни и супер дотерани, како за неверојатно снежното попладне во кое се сретнуваме ги запознав Елена Костадиновска и Далибор Добревски. Нивната идеја за уникатност и исполнување на желбите на клиентите ги донесе до создавање „Арамриум“.

Доколку отворите на www.kosula.mk ќе дојдете до дел „За Него“ и „За Неа“, оттука можете да започнете со вашата креација.

Армариум е нов бренд на македонскиот пазар кој што Ви нуди единствена можност да дизајнирате кошула од Вашите соништа, дизајнирана по Ваша желба и кроена по Ваши мерки.

Елена & Далибор / Далибор & Елена. Која е вашата приказна?



Нашата приказна започнува пред две години кога решивме да отпочнеме со еден засега нов, креативен концепт за македонскиот пазар – производство на custom-made кошули, создавање на веб сервис www.kosula.mk со специјален конструктор за дизајнирање. Нашата приказна започнува и цврсто стои на ставот дека Индивидуалноста е новио дрес код, што претставува наша главна мисија за потенцирање на личната индивидуалност кај секого.


Го насетувавте ли создавањето на „Armarium"? Беше ли тоа долг план и желба или инстанта искра?

Идејата за Армариум се роди спонтано, како резултат на нашето долгогодишно пријателство и креативноста што ја поседуваме. Веднаш по идејата започнавме со напорна работа за реализација на истата, па набргу и почнавме со сите активности, кои беа потребни - набавка на потребни репро материјали, изработка на веб страна.. Почетокот на Armarium за нас претставуваше една голема пасија и сеуште е, во нашата компанија имаме вложено дел од себе, што се надеваме дека позитивно се одразува и чувствува на целиот наш концепт и пристап кон клиентите . Пред создавањето на Armarium ниеден момент не се колебавме за идејата, бевме сигурни дека добрите идеите не се појавуваат случајно.

Дали идејата пред две години и реализацијата денеска ја имаат истата слика?



Апсолутно не, почетните планови беа да создадеме компанија за custom-made кошули, да реализираме прва во Македонија веб страна со специјален конструктор за дизајн на custom-made кошули www.kosula.mk каде и ќе се продаваа истите. Но како и секогаш плановите и реалноста не се поклопија, па при изработката на веб страната наидовме на многубројни проблеми, со што бевме приморани да започнеме и друг начин на работа. Подоцна, водејки се од побарувачката на пазарот, го вклопивме нашиот необичен концепт и почнавме да изработуваме custom-made униформи за компании (ресторани, кафулиња, хотели, медицински установи, банки итн..) Прво почнавме со изработка на кошули униформи, сега веќе изработуваме секаков вид на униформа (здолништа, одела, пантолони, престилки, лептир машни, мантили, ХТЗ опрема)

Како функционира „Armarium"?



Иако на зборови целиот начин на работа можеби звучи комплицирано, Armarium функционира многу едноставно. Се трудиме да го олесниме и поедноставиме целиот процес за нашите клиенти.
Доколку се работи за индивидуална нарачка, клиентот не посетува во нашиот showroom, каде добива стручна консултација и помош при избор на соодветен материјал од нашите каталози, кои бројат повеќе од 200 видови и дезени на материјали. Потоа го одредуваме типот на кошула кој најмногу прилега на него и се земаат мерки. Клиентот има можност за избор на модел на крагна, манжетни, боја на копчиња и сите останати елементи на кошулата, дури и има можност за избор на бојата на конецот. Сето тоа се изработува за 10-15 дена и кошулата е спремна за испорака. За оние кои не сакаат ваков начин на купување имаме и готови производи, кои се достапни веднаш, како и продажба во сите concept- store во Скопје, исто така за оние што немаат доволно време за посета може да направат нарачка на нашата веб страна www.kosula.mk преку специјалниот конструктор за нарачка.

А за делот кај корпоративните нарачки, ние целосно ја превземаме работата во свои раце, каде што по утврдувањето на модел, боја, тип на униформа, тип на брендирање нашиот тим зема мерки од секој вработен поединечно.

Има ли значење зад името?



Долго го креиравме името, имавме неколку варијанти, но Armarium едногласнио ги победи сите останати предлози. Инаку секако има значење и поврзаност со дејноста на компанијата. На латиснки Armarium значи плакар, гардеробер, каде и се сместени сите кошули на една личност со изграден стил : )

Работите со големи и помали компании?



Кога станува збор за избор на клиент немаме никакви ограничување, имаме работено од најмали до најголеми компании, на пример изработка на униформи за пекара со тројца вработени, па се до врвен светски бренд на хотел со 500 вработени. Отворени сме за соработка за сите компании и подеднакво ги цениме сите наши клиенти, бидејки благодарение на нив, ние сме тоа што сме и постојано растеме и се развиваме.

Која од нив е најмодерна?



Хаха, искрено имавме потешкотии на почетокот со ‘’модерната’’ униформа и со менување на убедувањата на луѓето дека работната униформа не мора да биде црно-бела и старомодна. Тоа и е наша цел во секторот за униформи – Работни униформи со моден предзнак и истакнување на индивидуалност на компаниите, што влијае на подобрување на имиџот на компаниите кои се нарачатели. Не би сакале да издвоиме конкретен клиент, но заклучуваме дека на македонските компании им треба малку повеќе храброст, еве како најмодерни може да ги издвоиме хотелите кои ги имаме работено.

Но, секако, отворени сте и за оние поединци кои сакаат креативно да се изразат и со своја креација на кошула?



Custom-made кошулите се столбот на нашиот концепт на работа и претставува еден многу важен дел од нашата компанија. Први и единствени во Македонија сме за производство на кошула по дизајн на нарачателот, исто така сите производи се работат по индивидуална мерка на клиентот. Тука не само што нашиот клиент може да се изрази креативно преку сопствен дизајн на кошулата, туку може да реши и многубројни проблеми со специфични мерки на тело, например долги раце, нестандарден поголем број и останати одредени специфики на тело.

Што е поголем предизвик?



Како што напоменавме сите клиенти ги цениме еднакво, затоа најголемиот предизвик за нас е задоволен клиент. Исто сме среќни кога успешно ќе услужиме цел хотел со 100 вработени и еден младоженец : ) Најважно е на крајот клиентот да излезе задоволен.

Која желба си ја посакавте за 2017 година?



За новата година си посакавме најпрво здравје и среќа за нас и сите наши блиски, а работно си посакавме уште многу успешни деловни соработки, кои би помогнале да прераснеме во светски препознатлив македонски бренд.

ЗА АВТОРОТВо овој дел на порталот „Точка.мк“ ќе можете да ги следите моите интервјуа.

Тие ќе ги следат сетилата на гостите, односно нивното согледување на светот и животот низ петте основни сетила (вид, слух, мирис, вкус и допир) и интуицијата како шестто сетило. Холистички пристап кој ќе дозволи интимно да ги запознаете моите говорници.

Отсекогаш сметам, дека една од моите најголеми предности е опкружувањето со луѓе кои не се плашат да им веруваат сетилата и кои дозволуваат оние околу нив да учат низ нивното искусување. Тоа се надевам, дека на овие „страници“ ќе најдете инспирација, идеја, начин, поинаков поглед, ќе откриете нова уметност, филм, книга, музика...

Искрено сонувам дека овие интервјуа ќе отворат теми за размислување, идеи, начин на соочување со реалноста што кај Вас ќе предизвика скокоткање на разбудена фантазија.

На кое од Вашите сетила Вие најмногу се потпирате? :)

Искрено,
Ана




Спонозорирани линкови

Маркетинг