Разбиен е еден од најголемите митови поврзани со вагината: Не, ова не е точно

Точка

14/01/2017

15:30

19.057

Големина на фонт

а а а

Женскиот полов орган, како и машкиот, варира во големината. Ова воедно е и одговор на прашањето дали поголем машки полов орган е важен за задоволството. Тоа зависи од големината на вагината. Меѓутоа, на прашањето дали вагината станува поширка после почести односи, научниците дадоа одговор.

Женскиот полов орган е многу еластичен, што значи дека за време на односот се шири. Кога жената е сексуално возбудена, вагината станува поопуштена бидејќи така се подготвува за односот кој следува, што е разбирливо од еволутивна страна на гледиштето со оглед на репродукцијата. После односот, вагината станува потесна т.е. се враќа во нормалната состојба.


Многу истражувања по повод ова прашање сè уште немаат откриено дали обемот на вагината се зголемува доколку жената има чести односи или односи со партнери на кои обемот на пенисот им е поголем од обемот на нејзината вагина.


Многу делови од човечкиот организам се оптимизирани на ширење и собирање, па и половите органи спаѓаат во таа категорија.

Женскиот полов орган може да стане поширок со тек на време после раѓање по природен пат или како последица на стареење. Значи, не е откриено дека редовните сексуални односи влијаат на ширењето на вагината.


Спонозорирани линкови

Маркетинг