Мажите за овие жени велат дека се најдобри во кревет: Која е нивната тајна?

Точка

13/01/2017

19:39

9.323

Големина на фонт

а а а

Мажите сакаат суптилни пораки, кога ќе ги допрете случајно по ногата или нежно по раката – сите тие знаци испраќаат вибрација на заведување. Еве што уште можете да направите за во неговите очи да бидете вистинска кралица...

За добар секс потребно е да ги вклучите светлата, да пуштите заводлива музика, да ја оставите долната облека на креветот, а сето тоа да го измешате со допири и бакнежи и да уживате во магијата на волшебните емоции и страсти.

Бидете малку погласни, но не претерувајте

На мажите ништо не им е помило во сексот отколку да ги слушнат вашите воздишки кои изразуваат задоволство. Доколку сте тивки, вашиот партнер не знае дали ви се допаѓа тоа што го прави или не.


„Подарете му“ некоја ситница

Кога ќе завршите со сексот, намерно оставете ја долната облека под јорганот, а тој ќе ја пронајде кога ќе заминете. Тоа многу ќе го возбуди и едвај ќе чека повторно да се видите.

Вклучете ги светлата

Иако темната соба за време на сексот остава многу простор за мистериозност и поголема фокусираност на чувствата отколку на физичкиот изглед, понекогаш е добро да ги вклучите светлата и да се прикажете себеси во целосно светло, така ќе остварите и контакт со очи кој е многу важен.


Разбудете го со бакнежи

Разбудете го така што нежно ќе го бакнувате каде што ќе ви падне на ум. Никој не сака да станува рано, но после вакво будење, вашиот партнер ќе има прекрасен ден.

Пуштете заводлива музика

Престанете да слушате иста музика секој пат. Пронајдете некоја нова плејлиста со заводлив звук и почувствувајте ја магијата на страста.


Спонзорирани линкови

Маркетинг