Никола Илиевски, Менаџер во A&Е Груп: Tonino Lamborghini е кафе кое е симбол на италијанската култура и традиција

Точка

13/01/2017

15:38

6.814

Големина на фонт

а а а

Прочитајте го интервјуто со Никола Илиевски, Менаџер во A&Е Груп, дистрибутер на ексклузивните кафиња и чаеви Tonino Lamborghini, и дознајте нешто повеќе за овој премиум бренд!

Првата асоцијација која ја добиваме кога ќе се спомене престижниот бренд Ламборџини се брзите спорски автомобили, па оттука и прашањето од каде спојот меѓу овој луксузен автомобил со кафето и чаевите?

Никола Илиевски: Иновацијата е самиот корен на оваа фамилија, пред да започнат со производство на супер брзите спортски автомобили основачот на Ламборџини, Феруџио Ламборџини дизајнирал и произведувал трактори. Идејата за продолжување на оваа традиција во други сегменти потекнува од синот, Тонино Ламборџини. Сакајки да ја прошират визијата и мисијата на нивната фамилија во други сегменти притоа користејќи ги нивните вредности и традиција.


Беспрекорниот стил и квалитет да го преточат во производи, вклучувајќи ги и пијалоците. Кафето покрај автомобилите преставува симбол на италијанската култура и традиција па оттука и самата идеја за производство на кафе со автентичен квалитет и дизајн со познатото лого на фамилијата Ламборџини - “бесен бик”.

Кажете ни нешто повеќе за Тонино Ламборџини во кои сè сегметни е нивното поле на интерес и развој?

Никола Илиевски: Покрај луксузните пијалоци, под капата на брендот Тонино Ламборџини се и луксузните часовници, аксесоари, смарт телефони, хотели и ресторани низ повеќе држави во светот.


На кој начин овие премиум брендови го оправдуваат ваквиот епитет? Кое е нивното потекло и каде се врши производството?

Никола Илиевски: Тенденцијата на фамилијата Ламборџини за најдоброто се применува во секој од производите, па така и зрната кафе, состојките во чаевите и топлото чоколадо се предмет на внимателна селекција и стандардизација. Зрната кафе се одгледуваат на посебни плантажи во Бразил и Центрaлна Америка за потребите на компанијата. Производството на кафе датира од 1990 година во Болоња, Северна Италија.

Доколку се посети веб страницата на Тонино Ламборџини покрај кафето и чаевите се забележуваат и други производи и аксесоари како алкохолни пијалоци, модни додатоци, енергетски пијалоци. Како дистрибутери на чаевите и кафето какви се вашите планови, до каде планирате да ја проширите палетата на нивната понуда и во нашата земја?

Никола Илиевски: Со оглед на тоа дека ние сме нивни официјални дистрибутери покрај кафето, чаевите и топлите чоколада на пазарот ќе ја претставиме и дистрибуираме целата нивна палета на производи, за да можат и нашите потрошувачи во Македонија да уживаат во овој луксузен бренд.



Имајќи предвид дека Ламборџини е статусен симбол, дали овие производи имаат тенденција да привлечат и таков тип на клиенти или пак се обраќаат на пошироката публика?

Никола Илиевски: Нивните вредности се луксуз, квалитет, автентичност и дизајн. Но цените на кафето, чајот, топлото чоколадо, енергетскиот пијалок, водката и вината се адаптирани за да привлечат и поширока публика. Аксесоарите пак од друга страна се вистински луксуз па оттаму важат и за статус симболи.

Во однос на селекцијата на чаевите за колку различни вкусови станува збор и од каде е нивното потекло?

Никола Илиевски: Станува збор за дванаесет различни видови на органски чаеви чиj што состојки потекнуваат од различни делови на светот, каде што климата и условите се најповолни за нивно одгледување. Секој чај доаѓа во единечни рачно порабени свилени кесички со водоотпорна етикета на “Бесниот Бик” и секое од нив со посебно упатство за подготовка. Селекцијата се состои од три вида од групата на зелени чаеви, три вида од групата на црни чаеви, еден бел, еден црвен чај и четири инфузии од кои два овошни.


Кои се вашите очекувања? Македонија е земја која го љуби кафето и луѓето имаат свои ритуали кога е во прашање квалитетно зрно кафе, но од друга страна пазарот е речиси презаситен со различни брендови. На кој начин планирате да го привлечете вниманието и да стекнете верни коирсници на вашиот бренд?

Никола Илиевски: Ние располагаме со четири различни мешавини на зрна кафе кои се создадени да ги задоволат сите вкусови вклучувајки ги и оние најпребирливите. Автентичноста и квалитетот наградени со врвен дизајн и стил се она што ние го нудиме на пазарот и по што се разликуваме од останатите.


Наша цел е да го разбудиме духот и страста на овој познат бренд кај нашите потрошувачи и да понудиме нешто вистински традиционално и вредно, ништо помалку од најдобриот италијански стил.


Спонозорирани линкови

Маркетинг