Неверојатна сцена: Клоп нацрта нова тактика за време на мечот, Стариџ ги бркаше соиграчите на теренот со ливче во раката

Дерби

12/01/2017

11:50

1.112

Големина на фонт

а а а

Ливерпул одигра еден од најлошите натпевари оваа сезона на гостувањето на „Ст. Мери“, а тоа го призна и Јирген Клоп кој на прес-конференцијата по натпреварот истакна дека неговиот тим може да биде презадоволен што загуби само со 1:0 од Саутемптон во куп полуфиналето, а не со 3:0 што би било сосема реален резултат.

Германецот не криеше дека неговите играчи комплетно потфрија на оваа средба, но сепак менаџерот на Ливерпул ќе остане запаметен и по тоа што на овој натпревар изведе еден потег кој стана хит на социјалните мрежи.

Клоп му даде неколку инструкции на Даниел Стариџ додека Саутемптон правеше замена, а навистина интересно беше тоа што напаѓачот имаше за задача да ги брка своите соиграчи на теренот и да им ја каже новата тактика која ја нацрта менаџерот.



Спонозорирани линкови

Маркетинг