СДСМ: Ќе ја укинеме радиодифузната такса, МРТ ќе се финансира од буџетот

Макфакс

12/01/2017

11:40

332

Големина на фонт

а а а

Граѓаните нема да ја плаќаат радиодифузна такса, потсетуваат од СДСМ на нивните предизборни ветувања.

„Македонската телевизија ќе ја финансира државата од Буџетот и од други средства, од приходи на кабелските оператори и од приходи остварени со продажбата на програма произведена во МРТ. Од Буџетот на Република Македонија ќе се одвојува помеѓу 0.5% и 0.7% за националниот сервис МРТ. Нема да има комерцијални реклами на Македонската телевизија, освен за откупените програми каде што е задолжително рекламирање на спонзорите. МРТ исто така ќе продуцира програма со користење на сопствените технички и кадровски потенцијали за свои потреби или ќе ја продава на останатите комерцијални радиодифузери“, велат социјалдемократите.

Според нив, со укинувањето на радиодифузната такса ќе се придонесе за намалување на трошоците за живот на граѓаните.


Спонозорирани линкови

Маркетинг