Две букви засекогаш ја промениле Црна Гора и ѝ заработиле милиони евра годишно

Точка

12/01/2017

11:38

3174

Големина на фонт

а а а

Малата земја, со нешто повеќе од 600.000 жители, пред десет години добила една од најатрактивните екстензии за домен на светот, со повеќе од милион регистрирани домени, речиси двојно повеќе од жители. Бидејќи "me" на англиски значи "мене" или "јас", списокот на можности бил непрегледен, па домените како "Kiss.me", "Follow.me" и слични достигнувале огромни цифри.

На прв поглед, "me" доменот е работа на сопственикот, но "me" пронашол значително поширока публика, при што многу светски брендови ја вовеле таа екстензија, вклучувајќи го и "WordPress", "Facebook" и "PayPal". Таа кратка екстензија засекогаш ја променила Црна Гора.


Како започнало?

Речиси секоја држава има единствена екстензија на доменот. На пример, Македонија го има ".mk", Канада има ".ca", Велика Британија има ".uk", Данска има ".dk".

Пред на референдумот да биде донесена одлуката за независност, Црна Гора ја користела екстензијата на доменот ".cg.yu". По одвојувањето од Југославија во 2003. година, на Црна Гора ѝ била доделена екстензијата ".cs", но таа никогаш не "оживеала".

По референдумот, владата на Црна Гора во 2007. година распишала барање за понуда, а победила црногорската компанија "doMEn Ltd", со заедничко вложување со компаниите "GoDaddy.com", "Afilias Limited" и "Me-net". Компанијата склучила 5-годишен договор со владата за користење на овој домен, но договорот бил продолжен за уште 10 години, до 2023.


Два проценти од црногорскиот извоз

Во март 2016. година, екстензијата ".me" забележела повеќе од милион регистрации, повеќе од ccTLD Хонг Конг, Ирска и Сингапур заедно.

Според податоците на заводот за статистика на Црна Гора МОСТАТ, вкупната вредност на извозот на земјата во 2015. година изнесувала 317,2 милиони евра, додека според зборовите на Предраг Лешиќ, главниот извршен директор на регистерот ".me", вкупниот приход од имиња на домени со екстензијата ".me" изнесувал 6,5 милиони евра. Тој вели дека приходите од имињата на домените всушност припаѓаат во категоријата приходи од телекомуникации, но дека повеќе од 99 проценти од овие домени се регистрирани надвор од земјата.

Во суштина, ".me" е заслужен за нешто повеќе од два проценти од вкупниот извоз.

Како и екстензиите ".com" и ".net", голем удел од ".me" регистрациите се наоѓаат во сопственост на физички и правни лица од САД и Кина.


Најголем број на сајтови во Кина и САД

Надвор од Црна Гора, има и најмногу провајдери со овој домен: Тие во САД и Кина сочинуваат 76,45 проценти од сите ".me" имиња на домени регистрирани на почетокот на третиот квартал од минатата година.

Црна Гора не само што добила дигитален производ баран ширум светот, туку и во значајна мерка го искористила во корист на локалната економија. На пример, во рамките на програмата за корпоративна социјална одговорност "Domain.me". од 2013. година ја организира конференцијата "Spark.me" во Будва.

Конференцијата привлекува учесници од сите сектори на технолошката индустрија, па така била домаќин на Мет Маленвег, творец на "WordPress", на Петер Сунде Комисопи, коосновач на "PirateBay" и Кристофер Фабиан, еден од основачите на Секторот за иновации при УНИЦЕФ.


Спонозорирани линкови

Маркетинг